FRI - PEK

FRI - PEK Твојот билет за повкусен ден 🥨

Целата приказна започнува во 2006 година. Семејните вредности и традиции секогаш биле ѕвезда-водилка, за нашиот бизнис уште од самиот почеток. Сите наши производи се адаптирани и инспирирани од наши семејни рецепти. Татко ни внесува толку многу љубов и труд во сите производи, што благодарение на тоа нашата пекарница опстанува. Нашите почетоци, визија и мисија се тука секогаш да не потсетат зошто почнавме и како сакаме да се движиме напред.

Ако бараш работа оваа објава е за тебе 😊👨‍🍳 Дали сакаш да стекнеш искуство во професионална пекарница?➡️  ФРИ-ПЕК бара м...
18/06/2024

Ако бараш работа оваа објава е за тебе 😊

👨‍🍳 Дали сакаш да стекнеш искуство во професионална пекарница?

➡️ ФРИ-ПЕК бара мотивирана индивидуа да се приклучи на нашиот тим како пекар за леб. Во оваа улога, ќе научиш се за правење на леб (мешање состојки, следење рецепти, печење на различни лебови). Исто така, ќе се стекнеш со искуство за одржување на чиста и организирана работна средина и почитување на стандардите за безбедност на храна и санитарни услови.

📞 За апликација и повеќе информации пиши ни порака или јави се на 070/354-504.

Претходната недела имавме уште една слатка мала посета од учениците во ОУ “Кочо Рацин” - Блатец. 👧🏼👦🏼👀 Дечињата беа мног...
13/10/2023

Претходната недела имавме уште една слатка мала посета од учениците во ОУ “Кочо Рацин” - Блатец. 👧🏼👦🏼

👀 Дечињата беа многу љуботини и научија нешто повеќе за процесот на лепчето, но исто така и како се прават нашите омилени крофнички.

Како и секоја година, така и оваа, за празникот Голема Богородица ги подготвуваме уникатните погачи со наут. 🌾Секој што ...
25/08/2023

Како и секоја година, така и оваа, за празникот Голема Богородица ги подготвуваме уникатните погачи со наут. 🌾

Секој што сака да си порача од погачите може да го направи тоа во најблискиот маркет каде што ги има нашите производи или пак во нашиот дуќан . ☺️

❤️ Погачите ќе бидат испорачани тазе во понеделник.

Вчера (06.06) имавме  задоволство да ги примиме љубопитните дечиња од ООУ. “Никола Парапунов” с.Драгобраште. 👧🏼👦🏼Дознаа ...
07/06/2023

Вчера (06.06) имавме задоволство да ги примиме љубопитните дечиња од ООУ. “Никола Парапунов” с.Драгобраште. 👧🏼👦🏼

Дознаа како се прави лепчето и што сѐ е потребно за да се направи квалитетен и вкусен производ 😊

Накрај ја тестираа нашата пица и се засладија со крофничка 🍕

Колку е само важно да се испочитува еден процес кога се работи за тесто. 🤔🥯 Сите овие лепчиња и кифлички се прават со че...
18/03/2023

Колку е само важно да се испочитува еден процес кога се работи за тесто. 🤔

🥯 Сите овие лепчиња и кифлички се прават со четири основни состојки: брашно, вода, сол и квасец, а се толку различни меѓу себе.

Затоа, секој производ има одреден терк по којшто треба да се води процесот, без отстапки. Па како резултат на тоа ги добиваме овие прекрасни и вкусни производи. ☺️🫶

Како и секоја година така и оваа, во понеделник (02.01.2023) пекарницата нема да работи. ✨Направи си залиха од омилените...
29/12/2022

Како и секоја година така и оваа, во понеделник (02.01.2023) пекарницата нема да работи. ✨

Направи си залиха од омилените производи навреме 😁🫶.

Цезар салата приготвена на едноставен начин, со домашно направен сос и кубети од леб. 🥗Верувам дека ова е една од најпоп...
15/09/2022

Цезар салата приготвена на едноставен начин, со домашно направен сос и кубети од леб. 🥗

Верувам дека ова е една од најпопуларните салати коишто постојат. Состојки кои се достапни кај нас и се прави за некои триесетина минути. Секако секој може да си ја прилагодува според свој вкус, јас секогаш преферирам едноставни комбинации без премногу намирници. 🥬

Целиот рецепт и начинот на подготовка можеш да ги најдеш на линкот ⬇
https://fripek.mk/portfolio_page/ednostavna-i-vkusna-cezar-salata/

02/09/2022

Едно обично, дождливо петочно утро со мирис на тазе печен леб и многу бургер лепчиња. ☔️

Дали знаеш дека секоја година за голема Богородица, се прават вкусни погачи со кисело тесто од наут? 💛💎 Оваа погача е ка...
25/08/2022

Дали знаеш дека секоја година за голема Богородица, се прават вкусни погачи со кисело тесто од наут? 💛

💎 Оваа погача е карактеристична за овој празник и најчесто луѓето ја јадат со сирење и плус грозје или лубеница. Вака останало уште одамна.

📌 Ако сакаш оваа година да ја пробаш нашата наутлија можеш да нарачаш на телефонскиот број 075/354-504 (ова важи само за Виница) или пак во најблискиот маркет каде што ги има нашите производи.

12/08/2022

Домашни кифлички - твојот најдобар другар за секоја забава 😊

Затоа што се:
▫ Меки како облаци
▫ Со сол одоздола
▫ Сите ги сакаат 😁

📌 Достапни се во понеделник, среда и петок.

Уметноста на правење леб е многу повеќе од соединување на состојки и печење. Една работа што сум сигурна дека сите нè уч...
29/07/2022

Уметноста на правење леб е многу повеќе од соединување на состојки и печење. Една работа што сум сигурна дека сите нè учи е трпение. Кога еднаш ќе влезеш во овој свет, ќе откриеш дека трпението е дел од секој рецепт. 💛

Покрај класичниот Бел леб, Рустикалниот леб најмногу нè има тестирано, но вредеше секој напор. 😅

🌾 Рустикалниот леб е направен со кисело тесто од 'ржано брашно и како резултат на тоа развива прекрасен профил на ароми.

Направен е и со дел 'ржано брашно и без адитиви. ✅

📍 Достапен е во Виница, Кочани и Штип.

Address

Leski
Vinica
2310

Opening Hours

Monday 16:00 - 13:00
Tuesday 16:00 - 13:00
Wednesday 16:00 - 13:00
Thursday 16:00 - 13:00
Friday 16:00 - 13:00
Sunday 16:00 - 13:00

Telephone

+38975354504

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when FRI - PEK posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category