12/08/2026
Ви благодариме Ohrid Press
Охридска контра-сметка: Четири гевреци со премиум квалитет за 100 денари!
Во време кога секојдневно сме бомбардирани од фотографии од сметки со вртоглави суми платени во Охрид, редакцијата на OhridPress и Супер радио покренуваат акција за да ви прикажеме и еден поинаков Охрид, каде може да се ужива во производи со врвен квалитет по сосема нормални цени.
Денешната „Охридска контра-сметка“ е за четири гевреци со премиум квалитет, купени утрово во охридска „Палма“, во строгиот центар на градот, во ТЦ „Амам“ за само 100 денари.
Градот има локации со „солени“ цени, но има и места каде може да купите производи по сосема прифатливи цени.
Да ги откриеме заедно.
Испратете ни фотографија од сметката и производот и ќе го презентираме пред нашите читатели од целиот свет со идеја да се запознаеме подобро.
Повеќе на: https://h1.nu/1vOCS