Кумановска Градска Пекара

Кумановска Градска Пекара Официјална Facebook страна на Кумановска Градска Пекара!

Кумановска Градска Пекара е првата артисан пекара во Македонија.

Место каде што можете да купите секогаш свежи, ексклузивни и уникатни пекарски и слаткарски производи, направени од најквалитетни состојки; без адитиви и конзерванси.

Нашата Мисија
· Да понудиме уникатни и ексклузивни пекарски и слаткарски производи приготвени со најдобрите состојки од реномирани добавувачи, испорачувајќи притоа вр

вен квалитет и искуство кои нашите купувачи го заслужуваат.

Нашата Визија
· Да бидеме бренд #1 во испорачување врвни пекарски и слаткарски вкусни задоволства на нашите купувачи. Постигнување на перфекција преку подобрување на квалитетот на нашите производи и услуги.
· Да изградиме цврсти врски на доверба и лојалност со нашите ценети добавувачи во интерес на взаемен просперитет.

21/03/2026
🌟 13 години вкус што не се копира🌟Веќе 13та година  нашата семејна пекара ја градиме со многу љубов, труд и посветеност....
05/12/2025

🌟 13 години вкус што не се копира🌟

Веќе 13та година нашата семејна пекара ја градиме со многу љубов, труд и посветеност.
Од првиот ден си поставивме цел - да донесеме нови вкусови, квалитетни производи и миризби кои ни будат спомени, заборавени рецепти кои ги правеле нашите баби.
Создавање на секој еден производ започнува од нашата домашна кујна, со многу тестирања и обиди, корекции и консултации со домашните.
Токму така создадовме вкусови кои претходно не постоеја во нашиот град.Горди сме што нашите идеи станаа препознатливи и омилени.
Обидите за копирање на нашите производи се само потврда дека сме на вистинскиот пат.
Постои нешто што никогаш неможе да се преслика и украде а тоа се нашите 13 години знаење стекнато низ годините и искуството зад секој креиран рецепт, вкусови што се градат со душа и нашата семејна традиција, нашата искрена грижа за квалитетот, атмосферата, топлината и спомените што луѓето ги врзуваат со нашите производи.

Ќе продолжиме да создаваме нешто што не се имитира, туку се чувствува♥️

При посетата на учениците 🧑‍🎓👩‍🎓од II б одд. од основното училиште Крсте Мисирков со наставничката Анета Станковиќ Јанко...
02/12/2025

При посетата на учениците 🧑‍🎓👩‍🎓од II б одд. од основното училиште Крсте Мисирков со наставничката Анета Станковиќ Јанковска на нашиот погон за производство учениците имаа можност одблизу да се запознаат со процесот на производство на пекарски производи 🥐🥨🥯🍞🥖.
За да биде сето тоа поинтересно , преку игра можеа да направат свои производи што беше прифатено со воодушевување🧑‍🍳🥰.
Имаа можност да пробаат и тазе печена пица 🍕, вкусни еклерчиња и да се освежат со сокче🙂.
Медењаците 🍪кои ги боеја со чоколадо во боја и кифлите 🥖🥐кои самите ги обликуваа беа преубави ❤️.
А најубаво од се беше детската смеа и среќата на нивните лица 🥰.

Толку брзо ги снемува од витрината 👀така што најдобро е да се нарачаат однапред 🌟🙂
13/11/2025

Толку брзо ги снемува од витрината 👀
така што најдобро е да се нарачаат однапред 🌟🙂

Не е како бурек 😕повкусна е 🤭👍
13/11/2025

Не е како бурек 😕
повкусна е 🤭👍

Чија оброк , здрав оброк за почеток на денот 🍌
13/11/2025

Чија оброк , здрав оброк за почеток на денот 🍌

Address

Октомвриска Револуција
Kumanovo
1300

Opening Hours

Monday 06:00 - 18:00
Tuesday 06:00 - 18:00
Wednesday 06:00 - 18:00
Thursday 06:00 - 18:00
Friday 06:00 - 18:00
Saturday 06:00 - 18:00

Telephone

+38931550580

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Кумановска Градска Пекара posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The Business

Send a message to Кумановска Градска Пекара:

Shortcuts

Share

Category