22/03/2025
БЛАГОДАРНОСТ ДО НАШИТЕ ПАРТНЕРИ!
Организацијата на „Радика Куп“ 2025 – Гитерслоx не би била возможна без поддршката од нашите партнери и спонзори. Нивната несебична помош ни овозможува да го подигнеме овој настан на повисоко ниво и да создадеме незаборавно спортско доживување за сите учесници и посетители.
Голема благодарност до
“PROVINZIAL Destanovic, Fellner & Mundt” за нивната поддршка и доверба! Ваквите соработки се клучни за успешна организација и унапредување на спортот во нашата заедница.
Благодарение на нашите партнери, оваа година „Радика Куп“ ќе понуди уште подобри услови за тимовите, поголема организациска поддршка, одлична атмосфера и вистински фудбалски спектакл.
Останете со нас, наскоро ќе откриеме уште детали за турнирот, наградите и специјалните изненадувања што ги подготвуваме!
Се гледаме на 31 мај во Tönnies Arena, Gütersloh
#Спонзорство #Благодарност #Фудбал #ЗаедноПосилни #Партнерство #ПоддршкаНаСпортот